Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МВР со детали за вчерашната трагична сообраќајка кај Батинци

На 15.12.2021 околу 20.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Батинци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н. Р.(49) од с.Батинци и патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Х.(26) од с.Батинци.

По несреќата Н.Р. бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде била констатирана смрт.

А.Х. се здобил со телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар 1.

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК

ПРИЗНА ВИНА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА ВОЗИЛАТА ПРЕД БУГАРСКАТА АМБАСАДА – Се чека проценка на штетата

ДЕСК