25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Како се вљубуваат: Скорпијата ја „удира гром“, водолијата брзо се вљубува и уште побрзо се одљубува

Секој хороскопски знак сосема различно реагира кога е вљубен.

Кај луѓето родени во знакот на бик се чини дека сè цвета кога ќе сретнат некој што може да го засакаат. Раковите лесно се вљубуваат, но тешко дека ќе го признаат тоа од страв дека другата страна ќе ги повреди.

Овен
Овенот се заљубува брзо, импулсивно. Еден поглед е доволен за да сфатат дали сакаат некого или не. Исто така, ако некој им се допаѓа, не им е грижа дали личноста е добра или не, богата или сиромашна, како општеството гледа на нив… Кога ќе се заљубат, не размислуваат за ништо друго освен за тој момент и страста што ја чувствуваат.

Бик
Припадниците на овој знак имаат најизразени сетила кога станува збор за љубовта и заљубувањето. Се чини дека сè во нив цвета кога ќе сретнат некој што може да го засакаат. Сепак, бикот не е толку импулсивен како овенот и не брза да се заљуби. Прво ќе погледне во потенцијалниот партнер, ќе го процени неговиот карактер и преференции и дури потоа ќе се предаде со целото свое срце.

Близнаци
Близнаците брзо се заљубуваат и се одљубуваат. Тие се способни да бидат вљубени во повеќе луѓе во исто време бидејќи во секого гледаат нешто различно и би биле најсреќни кога би ги споиле сите овие доблести во еден човек, во совршениот партнер. Близнаците често „седат на два стола“.

Рак
Раковите лесно се заљубуваат, но тешко ќе го признаат тоа од страв дека другата страна ќе ги повреди. Припадниците на овој знак се многу воздржани поради лошите искуства од минатото, па не се склони да го направат првиот чекор и отворено да покажат дека се заљубени. Тие имаат тенденција да чекаат долго време за да се уверат дека одредена личност е соодветна за нив.

Лав
Лавовите се склони да го посматраат тој што им се допаѓа долго време и ништо не може да им побегне. Не реагираат импулсивно и не се склони да се заљубат во некого штом го видат. Но, штом ќе го направат првиот потег, ќе ја опсипат својата сакана личност со внимание, подароци, комплименти…

Девица
Родените во овој знак веднаш знаат дали некој им се допаѓа како потенцијален партнер или не. Тие се способни брзо да донесуваат одлуки бидејќи многу добро го оценуваат карактерот и ретко прават грешки. Девиците полека се заљубуваат, понекогаш не се ни свесни дека развиле чувства кон некого. Обично ги привлекуваат луѓе кои се малку нејасни и интересни, на нив гледаат како на предизвик.

Вага
Вагите не се заљубуваат така лесно затоа што генерално имаат проблем со донесување одлуки. Постојано мерат и одмеруваат нешто, и така во круг. Често се преиспитуваат: „Дали е ова љубов или не?“, „Дали сум заљубен во оваа личност ?“. На припадниците на овој знак им треба многу време да сфатат дали имаат вистински чувства кон некого или не.

Скорпија
Љубовта на скорпијата е како молња и гром. Припадниците на овој знак кога ќе се вљубат во некого, се чувствуваат како да ги удрил гром – сè е запрено, како светот да престанал да постои. Скорпиите се многу страсни и интензивни и не ги кријат емоциите. Ако некој многу им се допаѓа, нема да се двоумат туку искрено ќе признаат.

Стрелец
Стрелците се склони кон заљубување и авантури. Со оглед на тоа што припаѓаат на групата огнени знаци, во нивната природа е да бидат променливи во сè, па и во романтични моменти. Тие имаат тенденција да менуваат партнери и да бидат страсно вљубени во секој од нив некое време. Брзо пламнуваат и уште побрзо се гасат.

Јарец
Припадниците на овој знак тешко се заљубуваат, но штом тоа ќе се случи, тие сакаат со целото свое срце до крајот на животот. Сакаат личност која сакаат полека да ја освојуваат. Јарците веруваат дека сè што може да се освои пребрзо, навистина не вреди за трудот, вниманието и времето. Тие повеќе ценат кога треба да се потрудат околу некого.

Водолија
Како и стрелецот, така и водолијата брзо се вљубува и брзо се одљубува. Во сето тоа најмногу ги привлекува освојувањето на нешто ново, откривањето, возбудата од заведувањето и самиот почеток на врската. Кога тоа ќе помине, тие губат интерес и бараат нова авантура. За нив, одржувањето длабоки чувства кон некого е речиси невозможна мисија.

Риба
Рибите се постојано вљубени, но не само во партнерот, туку и во други работи кои го прават животот убав и пријатен – добра музика, пријатна средина, патувања… Припадниците на овој знак лесно стануваат зависни од љубовта, тоа ги држи некое време, па се вљубуваат во друг. Рибите се еден од понестабилните знаци на зодијакот.