13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЈСП: Градскиот превоз е за сите граѓани и нема одлука за некаква дискриминација

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека е јавен сервис кој обезбедува градски превоз за сите граѓани и дека никогаш немало дискриминација.

„ Ниту на еден граѓанин не му е ускратено правото за јавен градски превоз. Нема никаква поинаква одлука од онаа донесена пред две години каде се овозможува лицата со попреченост кои имаат куче сервис да може да го користат јавниот превоз“ велат од ЈСП.

Оттаму додаваат дека во соработка со Град Скопје веќе започнале сеопфатна програма за подобрување на условите за превоз во јавниот сообраќај за лицата со попреченост преку поставување ниски платформи за лица со попречености, со што јавниот превоз би станал подостапен за истите.

„ Како јавно претпријатие отворени сме за средба со Александар Велески за да ги презентираме нашите планови кои вклучуваат подостапен јавен превоз за лицата со попреченост. ЈСП Скопје и новата градска администрација веќе работат на промените кои ќе донесат подобро за скопјани преку јавен градски превоз што во вистинска смисла значи превоз за сите граѓани“ појаснуваат од претпријатието.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска наместо бесплатен јавен превоз, го поскапуваат превозот во ЈСП

M T

ЈСП со дополнителен број автобуси за Задушница

M T

Нова автобуска линија на ЈСП од Жданец до Карпош 3 и обратно

M T

ЈСП Скопје со повик до бруцошите да извадат бесплатен годишен билет

M T

Од денеска важи изменет режим за повеќе автобуски линии на ЈСП

M T

ЈСП: Изменет сообраќаен режим на неколку автобуски линии

M T