Centar.mk
КУЛТУРА

„Северен Пол“ продолжува да освојува награди

По освојувањето на „Големата награда” на фестивалот во Билбао, квалификувањето за Оскар, номинацијата за Европските филмски награди, освојувањето на наградата „Златна колица” за најдобар краток филм на „Загреб филм фестивал”, филмот „Северен Пол” на Марија Апчевска-Петровска во продукција на „Кино Oко” ја доби наградата „Санта Луција” за најдобар интернационален краток филм на фестивалот во Богота.

Следува прикажувањето на филмот на фестивали во Пекинг, Лондон, Трондхајм и Лес Аркс.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Биљана Гргур, дизајн на шминка Горан Игњатовски, монтажер Драган Вон Петровиќ, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуча, кастинг Кирија А. Николоска. Продуцент е Роберт Насков, а копродуценти Милош Љубомировиќ од Сервиа Филм и Миодраг Поповиќ од Форгрејд од Србија и Петер Шекереш од Тиволи Продукција од Унгарија.

„Северен Пол” е финансиски е подржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и Српскиот филмски центар.

Можеби ќе ве интересира

Дац и Александар – Дамите Бираат

ДЕСК

Скопје ја задржа титулата за Европскa престолнина на културата – следи трансформација од 55 милиони евра

ДЕСК

Почина Славица Свидерска, професорка по македонски јазик на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана (1984-2025)

ДЕСК