Правен субјект и 14 лица организирале игри на среќа без лиценца. Според информациите, се работи за правен субјект од Тетово, М.А.Ч.(25) од Турција, Б.Б.(30) од Тетово, О.С.(28) од Турција, О.Ј.(23) од Турција, Ј.С.(33) од Тетово, А.Р од Тетово, А.К.(26) од Тетово, Ј.К.(30), М.С.(25) од Тетово, Ш.Н.(22) од Гостивар, Б.Х.(20) од Тетово, Ф.П.(49) Е.С(23) и А.А(28) од Тетово.
„ Правниот субјект и останатите 14 пријавени физички лица во текот на јули 2021 година во простории на правниот субјект организирале и приредувале онлајн игри на среќа без издадена лиценца, односно без дозвола од надлежен орган. На 29.06.2021, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со претставници од УЈП Тетово и ДПИ Тетово извршиле контрола во објектот и притоа затекнале повеќе вклучени компјутери на кои се играле слот игри, повеќе административни различни панели и на секој од нив имало извршено парични трансфери во турски лири, како и многу клиенти кои контактирале преку ‘Скајп’ апликација за комуникација и кои биле конектирани на шест ИП-адреси во Холандија преку други апликации кои се користат за конектирање на друг компјутер со цел прикривање на реалната ИП-адреса. Притоа, биле одземени осум компјутери, два лаптоп компјутери, повеќе ливчиња со упатства на турски и англиски јазик и други предмети“, соопшти МВР.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против нив.