Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Потребни се предвремени избори, порача Мицкоски на средбата со францускиот амбасадор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со партискиот потпретседател Александар Николoски се сретна со Сирил Бомгартнер, амбасадор на Република Франција.

При средбата се отворија повеќе теми, при што се говореше и за актуелната политичка состојба во Македонија и за интеграциите на државата во ЕУ.

Мицкоски се осврна и на економските предизвици при што укажа загриженост и за енергетската криза чии последици, како што рече, се од неадекватното управување на политиките, а тоа го чувствуваат граѓаните на својот грб.

При средбата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека актуелната влада нема капацитет да се носи со предизвиците со кои се соочуваат граѓаните. А, со тоа се наметнува потребата за предвремени парламентарни избори како излез од актуелната криза.

„Државата не смее да стане заложник на лошите политики на власта и притоа да биде заглавена во чекалницата на ЕУ и жртва на спорот со Бугарија создаден во време на владата на Зоран Заев“, додаде Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: „Очи в очи“ – во Србија Вучиќ падна, но сè уште владее со Македонија

ДЕСК

ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборави

ДЕСК

Три конкретни мерки за младите, до сопствен стан по цена 20% пониска од пазарната, ослободување од комуналии за изградба на куќа и поголема поддршка за студентите

ДЕСК