14.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Фрчат казни за непрописните возачи – само вчера санкционирани 668 лица кои ги прекршиле сообраќајните правила

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 668 возачи. Од нив 111 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 11 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 253 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 415 надвор од населено место – информира полицијата.
Пресметките покажуваат дека вчера полицијата во просек пишувала по речи си 28 казни на секој час или по една казна на секои 2 минути

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.“ – велат од МВР