16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈА

Снег и врнежи од дожд: Метеоцентар со детала прогноза

Времето утре ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, особено на истокот. Од попладневните часови на запад ќе започнат врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во ноќта и ќе се прошират насекаде.

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а од пладне повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи, кои ќе започнат утре попладне, а пообилни ќе бидат во сабота (на места и над 20 л/м2.).

На планините врнежите ќе бидат од снег каде дополнително ќе се зголеми снежната покривка, а врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места.

Прогноза за 10.12.2021
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 6°C до 14°C
Променливо облачно со локални врнежи од дожд, претежно во крајните планински региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 11.12.2022
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 4°C до 13°C
Oблачно со врнежи од дожд, на места пообилни (и над 20 л/м2). На планините на северозапад и на некои повисоки места со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 12.12.2021
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 4°C до 11°C
Променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. На планините на северозапад со врнежи од снег.

Спонзорирано: