Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈА

Снежна ноќ во делови од Македонија, од утре студено и дождливо – Детална прогноза

Денес ќе биде облачно и постудено со врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег каде ќе се формира нова снежна покривка. Повеќе врнежи ќе има во источните делови, каде врнежи од снег ќе има и на некои пониски места. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Утре и во четврток претпладне ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат под нулата. Потоа следува период на променливо облачно време со повремени врнежи, кои во сабота се очекува да бидат пообилни.

Прогноза за 09.12.2021
Минимална температура: -7°C до -1°C
Максимална температура: 6°C до 13°C
Променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, особено на истокот. Од попладневните часови ќе има врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во ноќта и ќе се прошират насекаде. Ќе дува слаб до умерен, а од пладне повремено засилен југоисточен ветер.

Прогноза за 10.12.2022
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 6°C до 14°C
Променливо облачно со локални врнежи од дожд, претежно во крајните планински региони. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Прогноза за 11.12.2021
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 4°C до 13°C
Прeтежно облачно со повремено пообилни врнежи од дожд, а во западните делови од снег на планините и понекаде на повисоките места. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

Од шверц до естетски интервенции: под истрага мрежа што го загрозувала здравјето на граѓаните

ДЕСК

ИЗМАМА ПРЕКУ ФЕЈСБУК: Лажно нудела станови, земала пари како капар

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА СО АКЦИЈА: Марихуана одземена во Кочани и Облешево

ДЕСК