22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шахпаска: Аудио-читачот „Хана“, достапен за слепите лица кои говорат албански јазик, е потврда на концептот „Едно општество за сите“

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска заедно со првиот заменик претседател на Владата Артан Груби денеска го промовираа аудио-читачот на албански јазик наречен „Хана“, кој на слепите лица и лицата со оштетен вид ќе им овозможи пишаниот текст да го слушнат и разберат во аудио верзија. На промоцијата, која се одржа само неколку месеци по промоцијата на аудио читачот на македонски јазик – Кико, присуствуваа и заменик министерка за здравство и социјална заштита на Република Албанија Денада Сефери, како и Сања Бојаниќ, заменичка постојана претставничка на УНДП, со чоја помош МТСП ја воспостави оваа апликација.

„Навистина беше предизвик изработката на една апликација која што ќе го олесни животот на слепите лица и лицата со оштетен вид во нашата земја. Кога зборуваме за концептот едно општество за сите, јас искрено навистина верувам во овој концепт, затоа што убавината на еден општествен мозаик ја прават различностите. При креирањето на оваа апликација тргнавме од она што претставува мото на лицата со попреченост „ништо за нас, без нас“. И токму затоа во креирањето на оваа апликација за слепи лица и лица со оштетен вид активно беа вклучени и претставници од Националниот совет за слепи лица на Северна Македонија, а клучна беше и поддршка што ни ја даде УНДП“, рече министерката Шахпаска, на денешната промоција на аудио читачот „Хана“.
Таа истакна дека аудио читачот „Хана “ ќе може да ја користат околу 5000 слепи лица од регионот со мајчин албански јазик. Според неа, солидарноста и хуманоста претставуваат мостови за градење на пријателство меѓу соседите.

Првиот заменик на претседателот на Владата на РСМ, Артан Груби изрази големо задоволство затоа што на слепите лица и лицата со оштетен вид кои зборуваат на албански јазик, од денеска значително ќе им се олесни секојдневниот живот.

„Заложбата на Владата на Република Северна Македонија е да создаде општество за сите, во кое сите ќе имаат еднаков пристап до образование, вработување, здравство и еднаква заштита од секаква дискриминација. Во своите стратегии и политики, Владата има јасна заложба за подобрување на квалитетот на животот на лицата со попреченост. Во согласност со одредбите на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, чиј потписник е и нашата земја, имаме стратешка цел да ги подобриме условите за целосно вклучување на лицата со попреченост во сите општества“, истакна Груби.

Дигиталната апликација – аудио читач ќе биде бесплатна и достапна за сите корисници на Андроид системи под името RHVoice, мобилни телефони, десктоп компјутери или други електронски уреди.

Откако ќе се инсталира апликацијата RHVoice, потребно е да се одбере „албански “ на листата со јазици, потоа да се кликне „инсталирај“ веднаш до називот Хана.
Можноста за регионалната употреба на апликацијата „Хана“, ја поздрави и заменик министерката за здравство и социјална заштита на Република Албанија, Денада Сефери.

„Ваквиот тип на апликација е од големо значење за слпеите лица во целиот регион. Аудио читачот „Хана“ претставува давање на шанса за сите оние на кои поддршката им е потребна. Отворање на можности за нивна поголема интеграција во општеството“, оцени Сефери.

Заменичката постојана претставничка на УНДП, Сања Бојаниќ, рече дека во Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост, како фундамент на заложбите на ОН, јасно е дефинирано дека сите лица со попреченост мора да ги уживаат сите човекови прави, но во исто време таа и го заштитува достоинството на овие наши сограѓани.

„УНДП МК повеќе од 10 години, заедно со националните партнери, работи во државата во правец на исполнување на начелата од Конвенцијата и нејзина реализација и во пракса. Аудио читачите на македонски и албански јазик се вистински пример за таа заложба“, истакна Бојаниќ.

При изработката на оваа верзија на читачот, активна улога имаат и членовите на Националниот сојуз на слепи кои беа и се вклучени во сите фази на реализацијата на проектот.

За Претседателот на Националниот сојуз на слепи, Жарко Селковски, изработката на аудио читачот претставува огромен исчекор во квалитетот на живот на оваа категорија на граѓани.

Користењето на аудио читачот како апликација е мултинаменска. Освен за слепите лица, производот ќе може да го користат и лицата со потешкотии во учењето, лицата со дислексија и сите оние лица кои информациите најдобро можат да ги разбираат во аудио формат.

На двете верзии од аудио читачот работеше тим составен од ИТ експерти од американска компанија специјализирана за изработка на говорни синтези со искуство на изработка на вакви продукти за неколку говорни подрачја, поддржани од локален и регионален тим од филолози и лингвисти од реномирани институции.

Можеби ќе ве интересира

Шахпаска: После 40 години, децата од Кавадарци добиваат нова, современа и инклузивна детска градинка, со капацитет од 142 места

M T

Министрите Спасовски и Шахпаска на предновогодишно дружење со децата од Јавната установа за згрижување деца “25 Мај”

M T

Шахпаска: Социо-емоционалниот развој кај децата е клучен за понатамошниот развој на личноста, секој влог во квалитетното предучилишно образование е влог во нашата иднина

M T

Шахпаска: Со регулација на нестaндардните форми на вработување ќе создадеме нови работни места

M T

Шахпаска за Утрински брифинг: Оваа година МТСП имаше висока реализација на капиталните инвестиции, за наредната година обезбедивме двојно повеќе

M T

Средба Шахпаска-Григоријан: УНДП е наш партнер и голем поддржувач, заедно создаваме услови за целосна инклузија и вработување на ранливите категории на граѓани

M T