Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Повеќе повредени во тешката сообраќајка на патот Охрид – Ресен

На 05.12.2021 во 17.35 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај с.Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(61) од Битола, патничко возило „фолксваген голф“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(54) од с.Делогожда, струшко, и товарно возило „ман“ со полуприколка, со албански национални ознаки, управувано од К.М.(57) од Р.Албанија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачите Т.П. и Н.К., како и сопатниците од возилото „тојота“ К.П.(55) и Г.П.(40), двајцата од Битола, а со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило Б.М.(40) од Битола, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ и Општата болница во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК