7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Ќе направам се партијата да биде одвоена од државата

СДСМ според мене го има најдобриот кадровски потенцијал и најголем демократски капацитет. Кандидатите се избираат на избори и прогрмата може најдемократски да ја презентираат, рече кандидатот за нов претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски во гостувањето на „24 Анализа“

– Јас ќе се раководам според трите столба, враќање на социладмократските вредности, економски раст и подобар животен стандард, енергетската криза, пандемијата, давање фер шанса на сите нивоа на државата. тоа не значи дека некој ќе дојде од надвор да добие голема функција, но може партијата да организира совети и поделба на партијата од државата, додаде Ковачевски.

Тој појасни дека партијата има заменик претседател избран на конгрес, во моментот е Сања Лукаревска, а во останатите тела 50 проценти ќе бидат застапени жени и 33 проценти млади. 

– Многу е важно да го зајакнеме единството и да го мотивираме секој член да се приклучи на промените. Секој член и поддржувач да ја врати довербата во партијата. Да го разбереме незадоволството и причините и да се менуваме –  истакна Ковачевски.

Тој посочи дека СДСМ секогаш била и мора да остане партија која обединува. Ковачевски рече дека на локалните избори се намалил коалицискиот потенцијал на партијата, но се случиле и внатрешни несогласувања што резултирале со поделби.

– Таквите грешки не смеат да се повторат, единството е клучот за успех. Потребен ни е јасен и фер внатрепартиски систем каде луѓето се почитувани и наградувани согласно со придонесот. СДСМ мора да е препознаен преку чесни, посветени и ангажирани луѓе, а посветеноста и одговорноста на секој да биде единствено мерило за напредок – нагласи Ковачевски.

Спонзорирано: