24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Постигнат договор за проевропската влада: Алтернатива влегува во Влада со две министерства и еден министер без ресор

Читајќи 9 точки кои ги договориле со СДСМ и со ДУИ како основа на новата владина програма, меѓу кои е и точка струјата да не поскапи повеќе од 20 отсто, лидерот на Алтернатива Африм Гаши на заедничкиот прес со премиерот Зоран Заев денеска потврди и официјално дека од опозиција, влегува со своите 4 пратеници во Владата.

Заев кажа декадојде крајот со нефункционалното Собрание, соочено со постојани блокади од опозицијата. Мнозинството во моментов се качи на 64 пратеници, одговори тој на новинарско прашање, но дека ќе расте.

Како што се зборуваше цело време, ресорот здравство го зема партијата на Гаши. Покрај што зема од СДСМ, зема и од ДУИ, а тоа е Министерството за информатичко општество и администрација, а се враќа и безресорното министерство за дијаспора, со кое ќе раководи Алтернатива.

Од позначајните директорски места, новиот коалиционен партнер го зема МЕПСО. Освен Филипче, си оди и директорот на Клиничкиот центар Тетово, Алтернатива го зема и тоа место.

Заев кажа дека можно решение со Бугарија за проблемот што тие ги имаат со нас, е од 15 декември натаму, до јануари.

На новинарско прашање Заев кажа дека на 12 декември СДСМ ќе има нов претседател, а следствено на тоа новиот претседател ќе си биде потоа и претседател на Владата, односно мандатар за владата. Оставката рече ќе ја депонира на крајот на годината.

Одговарајќи наизменично, Гаши кажа дека особено е горд на постигнатиот договор за Национална стратегија за образованието, бидејќи должност на актуелните политичари е таа најважна образовна реформа да се направи.

Алтернатива ќе има и тројца заменици-министри: во образование, култура и најверојтно во Министерството за земјоделство. Алтернатива ќе раководи и со Фондот за здравство, Железници транспорт, Агенција за странски инвестиции и други.

Заев кажа дека никој нема да ги поништува или оспорува донесените правосилни пресуди на пример за Монструм, Диво насеље, но и затворени истраги како таа за загинувањето на новинарот Никола Младенов, но дека ќе ангажираме европски правни експерти да ги видат предметите и да дадат свој коментар.

„Германските експерти земаа примероци, докази од местото на изгорената модуларн болница во Тетово, но не значи дека ја води истрагата, туку дава мислење до нашите инзтитуции“, спореди Заев.

Спонзорирано: