Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребува државните интереси во партиски цели

-Државните интереси опозицијата ги користи во партиски цели, оцени пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска во гостувањето во „Само вистина“. Таа кажа дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога е во опозиција и се одржуваат избори, прашањето за името го користи во политичката кампања. 

-Тоа го прават затоа што немаат што друго да понудат, ниту програма… Станува збор за нереформирана партија. Се сеќавам дека ова непроменето ВМРО-ДПМНЕ ветуваше еден период дека ќе го смени знамето, па единаесет години беа на власт и тоа не го направија. Сега истото го зборуваат и за Преспанскиот договор, вели Петровска.

Според пратеничката, тоа што ВМРО-ДПМНЕ немала став околу Преспанскиот договор за време на референдумот, само покажува дека партијата нема државотворен капацитет.

-Отворањето на таквите прашања не и носат добро на држава. Еве, последно слушнав дека претседавачот од Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ кажа дека советниците ќе ги потпишат изјавите со новото уставно име. Со Договорот не ни се наштети нам како државата, ние го задржавме правото да сме Македонци кои зборуваат македонски јазик. Договорот не може да биде доведен во прашање, кажа Петровска.

Можеби ќе ве интересира

ОБЈАВЕНИ НЕРАБОТНИТЕ ДЕНОВИ ЗА 2027 ГОДИНА – Пет продолжени викенди, два празника паѓаат во сабота, еве го целосниот список

ДЕСК

УЖАС: СЕМЕЈНА ДРАМА ВО СКОПЈЕ – 22-годишна жена пријавила дека сопругот ја нападнал и им ја зел малолетната ќерка

ДЕСК

ПРИЈАВЕНИ ФИЗИЧКИ НАПАДИ ВО СКОПЈЕ – Нападнат 61-годишен маж, во друг случај две малолетни деца

ДЕСК