24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Гаши ќе преговара со Заев

Денеска попладне ќе има нова средба помеѓу лидерот на СДСМ во оставка, премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.

На средбата се очекува да се преговара околу можните кадровски понуди, како и да се прецизираат програмските приоритети на кои Алтернава инсистира да се најдат во евентуалната идна владина програма.

По состанок кој се одржа минатата недела Централното претседателство на Алтернатива го овласти лидерот на партијата, Африм Гаши да комуницира со премиерот Зоран Заев, како и евентуалниот нов мандатар, за да се види каков е нивниот концепт за излез од кризата.

„Ќе ја слушнеме и нивната верзија и дали има волја за зедничка програма и дали владините партнери ќе се откажат од својата моќ за да има рамнотежа“, изјави по средбата портпаролот на Алтернатива, Орхан Муртезани. Конечната одлука дали Алтернатива ќе влезе во Владата ќе ја донесе Централното собрание откако ќе имаат повеќе информации.

Според Муртезани, на средбата било констатирано дека државата се наоѓа во длабока политичка и енергетска криза, поради што е разговарано за помошта која што партијата може да ја даде за откочување на оваа ситуација. „

Треба да им дадеме шанса на стабилноста и континуитетот, за земјата да добие почеток на преговори со ЕУ“, вели партискиот портпарол.

Тој додаде дека Алтернатива не се води од апетитите за власт и земање на делови на власта.

„Ги кажавме причините за да може да се отпочнат преговори, како тие ќе завршат не знаеме. Повеќе сакаме да зборуваме за начините како да излеземе од оваа криза отколку кои функции ќе ги добиеме“, вели Муртезани.