Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Попладне дожд, на планините снег

Времето ќе биде променливо облачно, попладне и до крајот на денот со врнежи од дожд кои особено во западните делови ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м2 за 12 часа).

На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 8 степени, а дневната од 13 до 18 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно, а попладне и до крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 16 степени.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на самитот на ЕПП: Одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси

C +

Алиу: Македонија високо рангирана на глобално ниво во намалување на неонатална смртност

C +

Синоптичарите излегоа со прогноза – какво време да очекуваме?

ДЕСК