23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Во угостителски објект во Чегране пронајдена мини ЗОО-градина со диви животни без соодветна дозвола

На 20.11.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за општ и насилен криминал, во содејство со Оддел за специјални полициски операции, СВР Тетово, инспектори од Државен инспекторат за животна средина и преставник од ЗОО Скопје, по претходно добиена наредба од Јавен обвинител, извршена е контрола во угостителски објект во с.Чегране.

При извршената контрола пронајдена е мини зоолошка градина, која е во состав на објектот, при што било констатирано дека во неа се чуваат повеќе диви животни, за кои сопственикот не поседува документи. По документирање на случајот од страна на Државниот инспекторат за животна средина ќе биде изготвен записник, а СВР Тетово до надлежното Основно јавно обвинителство против сопственикот на објектот ќе поднесе соодветен поднесок.

*фографијата е илустративна