4. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Зголеменото мнозинство во Собранието ќе го донесе буџетот и законите блокирани од опозицијата

Соопштение на СДСМ:

„Државниот буџет за 2022 година, кој е во собраниска процедура е насочен кон зачувување на здравјето и животите на граѓаните, економско заздравување и забрзан раст, фискална одржливост и непречено финансирање на основните функции на државата, како и поддршка за реформите во правосудството и евро-атлантските интеграции.

Преку одговорно финансирање 2022 година треба да биде година на економско заздравување и забрзување на растот преку инвестиции и токму затоа е потребна конструктивност од страна за опозицијата, за да се усвои буџетот низ аргументирана дебата, без блокади и опструкции.

Покрај донесувањето на буџетот, Собранието треба да донесе и низа закони кои со месеци па и години се блокирани од страна на опозицијата, а се од клучно значење за граѓаните.

Дел од нив се минимална плата од 18.000 денари, недела неработен ден, отпис на каматите за долгови, Законот за служба во Армијата, како и законските измени кои обезбедуваат трајно вработување на 4.700 наставници во основните и средни училишта.

Имајќи ги предвид предизвиците што стојат пред државата и граѓаните како енергетска криза, пандемијата, продолжување на евро-атланскиот пат на земјата, секој пратеник треба да ја оправда довербата добиена на избори и да работи во интерес на граѓаните.

Демократскиот блок, преку зголемено, стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ во периодот пред нас, ќе го донесе буџетот и законите блокирани од опозицијата“.