Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Поведена истрага за дилер од Бутел

Истражна постапка против 39-годишен скопјанец поведе Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

„На 14 ноември, при претрес во домот на осомничениот во Бутел, биле пронајдени 23,55 грама психотропна супстанција – амфетамин и 0,85 грама наркотична дрога – марихуана, кои биле спакувани во помали полиетиленски пакувања и наменети за натамошна продажба. Освен ова, при претресот била пронајдена и дигитална вага и други предмети со остатоци од дрога“, информираат од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.​​

Можеби ќе ве интересира

СТАТУСОТ НА ГРУЕВСКИ ВО УНГАРИЈА ПОВТОРНО ВО ФОКУС: Државјанството му дава посилна заштита?

ДЕСК

ВРЕМЕТО ЌЕ ИЗНЕНАДИ: Од сонце и топлина до пороен дожд и грмежи

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК