18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Опозицијата останала со 55 пратеници за гласање недоверба, избегната физичка пресметка

Жестока казна настанала во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во попладневните часови во четвртокот, кога иницијативата за гласање недоверба на Владата беше на дневен ред, брифира пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

Во еден период попладнето, пратениците од опозицијата добиле информација дека не смеат да дозволат седницата да започне и да се гласа, бидејќи останале само на 55 пратеници, вклучувајќи ги и пратениците на Левица и заразените со коронавирусот кои беа во Собранието со скафандери.

Тогаш еден од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, инаку и потпретседател на партијата, предложил да се направи дефокус во јавноста и да се излезе со информација дека биле одземени телефони од пратениците на СДСМ. На тоа изреагирала нашата соговорничка, но и дел од останатите пратеници истакнувајќи дека тоа е чиста глупост и дека сите се свесни дека е лага.

Тие истакнале дека и новинарите ќе се смеат на оваа информација, бидејќи и тие се во постојана комуникација со сите пратеници. Ова го изреволтирало потпретседателот, кој почнал хистерично да вика и да се повикува на функција.

Тој истакнал дека треба да биде јасно кој е главен и кој наредува што да се прави, при што за малку бил избегнат физички контакт меѓу пратениците.

Со цел избегнување на поголем конфликт внатре во пратеничката група, но и да се избегне срамот пред јавноста, сите се договориле да го напуштат Собранието, за да не се дознае дека во иницијативата за недоверба останале само 55 пратеници.

Вознемиреност имало и кај едниот пратеник во скафандер, инаку координатор на пратеничката група. Тој им забележал на своите колеги дека го заборавиле во кабината во целиот хаос и никој не му се јавил ни да го праша како се чувствува. Пратеникот се пожалил дека доколку не биле службите на Собранието, но и координаторот на пратеничката група на СДСМ, кој постојано му праќал сокови и вода, ќе останел и без тоа.

Поради овие случувања јасна беше нервозата и кај Мицкоски, но и кај останатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои во нивните изјави во медиумите започнаа да шираат секакви теории на заговор, во обид да си го „избелат образот“ по уште едниот неуспшен обид за гласање недоверба.