Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

431 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (13.11.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 431 возач. Од нив, 73 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 196 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 235 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТМИНА ВОЗЕЛЕ БЕЗ ПОЛОЖЕН ИСПИТ – Полицијата приведе 11 возачи за едно деноноќие

ДЕСК

СО 166 КМ/Ч ТАМУ КАДЕ ШТО СЕ ДОЗВОЛЕНИ 80, И ТОА ПОД ЗАБРАНА – Полицијата му го одзела „аудито“ на 34-годишник од Радовиш

ДЕСК

ЗАД ВОЛАНОТ НА „ПАСАТ“, А БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА – Приведен 28-годишник од Штип, полицијата му го одзела автомобилот

ДЕСК