Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тимот на Арсовска со конзервативни манири и без почит кон жените – ја ословуваат како „градоначалник“

ПР тимот на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска манадтот го започна со конзервативни манири без почит на родовата еднаквост. Во сите официјални објави за нејзините активности, тие го користат терминот „градоначалник“ во машки род за Арсовска.

На ова реагираа голем број на граѓани, кои ја критикуваа оваа практика во коментарите и бараат Арсовска да се ословува со правилниот термин „градоначалничка“.

„Ауу вие стварно имате сериозен проблем со зборот градоначалничка“, „Градоначалничка! Си постои зборот во македонскиот јазик, употребете го“, се само дел од коментарите под објавите на социјалните мрежи на Град Скопје.

По бројните коментари на последната објава, тимот на Арсовска, попушти и направи промена и го смени терминот од „градоначалник“ во „градоначалничка“. Сепак, граѓаните очекуваа поголема почит за родовата еднаквост и општо, поголема почит за жените, од градоначалничката на Скопје и нејзината администрација.

 

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Врнежите ќе се засилуваат во текот на ноќта и утре

ДЕСК