Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев “згрми”: Народот нема да дозволи Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја заробат и упропастат државата!

Премиерот Зоран Заев се огласи преку фејсбук статус, додека се очекуваше информација дали ќе поднесе оставка до Собранието.

-За пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низбрдо, а народот да страда.

Овие денови сведочиме загрозување на Договорот од Преспа, на Договорот за добрососедство со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите.

Но, има оваа држава свој народ, и граѓани, и демократи, и борци, и политичари и партии кои нема да дозволат Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја заробат и упропастат државата одново.

Нашата кауза е и граѓанска и државничка.

Знам дека позади таа кауза како бедем гордо стојат мнозинство од нашите граѓани и мнозинство од нашите пратеници.

Демократијата, слободата, солидарноста и заедништвото се нашите вредности, напиша Заев.

Можеби ќе ве интересира

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +