25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Реџепи: Села ме прелажа, ми кажа дека не доаѓа предвид Левица да биде дел од мнозинството

Пратеникот Скендер Реџепи – Зејди во студиото на ТВ21 изјави дека бил „прелажан“ околу составот на новото парламентарно мнозинство меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса и Левица.

Реџепи рече дека лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села му кажал дека не доаѓа во предвид Левица да биде дел од ова мнозинство.

„Зијадин Села ми рече дека не доаѓа во предвид Левица да биде дел од ова мнозинство. Јас мислев дека во тоа мнозинство ќе бидат БЕСА и ЛДП, бев прелажан. Народот кој ме гласал не ми дал мандат да седнам на иста маса со Левица која е антиалбанска партија, анти нато и анти еу“, рече тој.

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села денеска изјави дека не го измамил Реџепи во врска со составот на новото мнозинство.

Во вечерашното интервју, Реџепи вечерва изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ги добило изборите на нивни грб, „бидејќи се претставиле како едно поинакво ВМРО“.

фото ТВ21/принтскрин