25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Аршини како што им одговара: Мицкоски тврдеше дека е тероризам да гласаат пратеници позитивни на ковид, а Мицевски повика да не прават театар – Сега тој е заразен заедно со уште една пратеничка и ќе ја “уриваат” владата со скафандери, било по протоколи

Координаторот на пратениката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ангелина Петковска се позитивни на ковид-19, потврдува за тв 24, Мицевски. Тој во изјава вели дека се чувствува добро и нема ништо неизвесно во однос на неговото и гласањето на Петкова за недоверба на владата.

Но што велеше Никола Мицевски во април оваа година, кога гласаа двајца пратеници од владејачката партија во скафандери:

Ги замолувам да не прават театар, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се во Собранието и ќе бидат во салата на 36-та седница, но не и на претходната. Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски на прес-конференцијата предмалку во Собранието, заедно со сите пратеници рече дека не отстапувааат од овој став, денеска да се гласа само за петтиот пакет антикризни закони.

„Овие закони можеа да бидат донесени уште во четвртокот, но поради тврдоглавоста и инаетот н власта тоа не се случи“,
рече Мицевски.

На прашањето, како ќе реагираат на најавата дека власта ќе обезбеди мнозинство со пратениците кои се во изолација со ковид и кои ќе дојдат во Собрнието со скафандери, Мицевски рече дека таков протокол не постои и дека тоа значи дека ќе го пратениците ќе го прекршат законот и ќе го загрозат јавното здравје.

„Законите важат за сите граѓани, и за пратениците. Ако се дрзнат да го загрозат здравјето, ќе ги прекршат законите. Како после ќе бараме од граѓаните да ги почитуваат законите? Ги замолувам да не прават театар“, рече пролетта, Никола Мицевски, истиот тој денес е заразен заедно со уште една пратеничка и не гледа ништо спорно da гласа во скафандер.

Подалеку отиде Христијан Мицкоски кој пак рече – Ова во Собрание е тероризам, а не 27 април!, обвинувајќи ги пратениците на власта дека со скафандери гласале во Собранието.

– Кога законите и правилата не важат за власта.

Медиумите пишуваа дека човек почина затоа што немало брза помош, а денес за аздисот на власта и пратеничката има.

Крајот брзо ќе им се случи, а ќе има и кривични пријави и одговорност за кршењето на протоколите, законите и Уставот, напиша на 18-ти април Христијан Мицкоски, кој со два позитивни пратеници облечени во скафандери во четврток ќе се обиде да ја сруши прозападната Влада на Зоран Заев.