Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ахмети: Не е вистина дека пратеници од ДУИ ќе го зголемат мнозинството на Мицкоски

Ахмети ги оцени како лажни вести наводите дека пратеници од ДУИ ќе го зголемеле најавеното мнозинство за гласање недоверба на Владата.

Прашан за коментар на оваа тема, првиот човек на ДУИ одговори дека ДУИ е комплетна.

Во врска со средбата на партиското раководство што денеска се одржува во Тетово, Ахмети најави дека ќе се анализираат актуелните политички случувања, а целта е како да се зачува нормалната состојба во државата.

„Државните интереси се приоритет. Важно е да го решиме проблемот со Бугарија и да функционира државата“, рече Ахмети.

Како што додаде, ДУИ не е загрижена за ситуацијата со опозицијата.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК