Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ахмети го свика Генералниот совет на ДУИ на итен состанок

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за денес во Тетово го свика на итен состанок Генералниот совет на партијата.

На состанокот ќе се расправа за последните политички случувања, по најавата на опозициските партии за формирање на мнозинство.

Ахмети синоќа рече дека е во контакт со партиите и со стратешките партнери – САД, НАТО и ЕУ.

„Состојбата создадена со оставката на премиерот ја менаџираме преку интензивен контакт со сите партии, освен оние кои го негираат Охридскиот договор, Преспа, добрососедството, НАТО, Република Косово и Албанците. Нема да постапуваме ниту со емоција, ниту со еуфорија“, истакна Ахмети.

Првиот човек на ДУИ по информацијата за ново мнозинство додаде дека има многу телефонски повици, пораки и поддршка од сите страни, а во неможност е да одговори на сите.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Секој има право да го користи својот мајчин јазик, а во Законот за правична застапеност процентите не се важни туку квалитетот и очекувам поддршка од сите пратеници

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК

Јаневска изврши увид во реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“ во Автокоманда, студенти ќе можат да се сместуваат од октомври

ДЕСК