Трите партии од албанскиот блок, кои во минатиот состав на парламентот, иако во опозиција, асистираа во имплементацијата на Преспанскиот договор, сега се на чекор до коалиција со партија која е за поништување на Договорот кој го отвори патот за членство на С Македонија во Алијансата, а која се залага и за поништување на признавањето на Косово”, пишува 360 степени.
Поништување на Преспанскиот договор со Грција и ревидирање на Договорот за добрососедство со Бугарија; издигнување на билатералните односи со НР Кина на ниво на стратешко партнерство и отповикување на признавањето на Косово, како и на Израел и на Јужна Кореја; итно отчленување од НАТО и безусловно повлекување на сите безбедносни сили од странски воени мисии кои немаат мандат од ОН, како и обновување на официјалните контакти со Движењето на неврзаните…
Тоа се дел од програмските определби на Левица, врз чија основа партијата освои две пратенички места на ланските предвремени парламентарни избори, а сега претендира да биде дел од ново парламентарно мнозинство, што синоќа го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. Кон новото мнозинство, кое најавува изгласување недоверба на Владата на Зоран Заев, би се приклучиле и три партии од албанскиот политички блок: досега опозициските Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и Беса, која се до денеска беше дел од парламентарното мнозинство, како коалициски партнер на СДСМ.
Целата анализа на следниот линк.