Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Температури до 25 степени, пролетно време среде ноември – Метеоцентар со детална прогноза

Претпладне вдолж Повардарието со магла и значителна ниска облачност, кои попладне ќе се намалат. Во останатиот дел од земјата сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а особено вдолж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 18 до 23 степени.

Во Скопје претпладне магливо и со значителна облачност, која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 19 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во претпладневните часови, особено вдолж Повардарието ќе има појава на магла или значителна ниска облачност.

Прогноза за 06.11.2021
Минимална температура: 5°C до 12°C
Максимална температура: 18°С до 25°C
Претежно облачно и релативно топло. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 07.11.2021
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 17°C до 24°C
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност. Преку денот сончево со умерена облачност.

Прогноза за 08.11.2021
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 18°C до 23°C
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност. Преку денот сончево со умерена облачност.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК