10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Граѓаните нема да гласаат на наредните избори за Мицкоски поради прифаќањето на „Северна“, тврди Халили

Проблем нема да биде албанскиот блок во изборот на нов премиер и не е време за тоа, туку е време да се најде премиер кој во догледно време ќе ја извлече земјата од криза, истакна поранешниот амбасадор Мухамед Халили во емисијата 24 анализа.

– Треба да има визија и искуство, зошто секој експеримент со неискусни луѓе, може да биде контрапродуктивен. СДСМ и Заев треба да одат на партиски решение зошто партијата се идентификува со политиката. Таа личност треа да ја има поддршката од коалициските партнери. Колку да е способна една личност, кога влегува во партисиски пазарења, тој ќе се изгуби, а такво имавме во минатото. Не смее да биде личност вмешана во било какви афери, вели Халили.

Како што вели тој, тоа е добро е за државата, а лошо е за ВМРО-ДПМНЕ.

Веќе на наредните парламентарни избори, тие граѓани ќе му кажат на Мицкоски нема да гласаме за тебе затоа што имавме различна слика пред локалните избори, смета поранешниот амбасадор, Мухамед Халили во однос на изјавите на лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски дека името „Северна Македонија“ е реалност.

Според Халили, градоначалниците на ВМРО-ДПМНР направија тешка грешка со свечените изјави со Република Македонија.

-Ние сме должни да го почитуваме Преспанскиот договор и секое понатамошно поигрување со името на државата ќе придонесе до последици. ВМРО-ДПМНЕ е оштетена со овие изјави. Тоа е лоша работа за државата, вели Халили.

Спонзорирано: