Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го крши Уставот, следно во општина Кисела Вода, СДСМ нема да дозволи прекршување на законите

Соопштение за јавност на ОО СДСМ Кисела Вода:

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го крши Уставот, следно во општина Кисела Вода, СДСМ нема да дозволи прекршување на законите

Наместо фокус на теми кои се во интерес на граѓаните на локални ниво, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го крши Уставот.

После Штип и Аеродром, денеска истото се случува и во Кисела Вода.

Со непочитување на уставното име на државата во Општина Кисела Вода ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го прекршуваат Уставот на државата.

Свечените изјави каде намерно не е наведено уставното име се нелегитимни и истите не се потпишани од советниците од СДСМ и коалицијата кои ја напуштија седницата на Советот.

СДСМ и коалицијата нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го поништуваат Договорот од Преспа, да не втурнат во нови кавги со Грција и другите соседи, да не внесат во конфликт и внатрешна омраза и да поништат сѐ што постигнавме заедно во овие четири години.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК