Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Наместо Заев, Димитров ќе учествува на „Отворен Балкан“

Наместо премиерот Зоран Заев, на иницијативата „Отворен Балкан“ утре и задутре во Белград ќе учествува вицепремиерот за економски прашања, Никола Димитров.

„Поттикнувањето на регионалната соработка преку иницијативата „Отворен Балкан“ продолжува на работен состанок во Белград на 3 и 4 ноември 2021 година (среда и четврток), на којшто во име на Владата на Република Северна Македонија ќе учествува заменик-претседателот задолжен за европски прашања, Никола Димитров“, соопштија од кабинетот на Димитров.

Агендата за работниот состанок што се организира во соработка со Атлантскиот совет, опфаќа панел-дискусија на тема „Дигиталната трансформација како подадена рака за регионална интеграција“ на која ќе бидат усвоени заклучоци, а потоа ќе биде одржана и прес-конференција.

Воедно, предвидени се лидерски средби и средби со претставници на компании од Северна Македонија, Албанија и Србија на кои што ќе биде разговарано за олеснување на трговијата.

Заев се откажа од учеството поради оставката која ја поднесе во неделата.

Можеби ќе ве интересира

Охрид во солзи: Во несреќа загина 28 годишниот охридски фотограф Кристијан Љушев

ДЕСК

Метеоролозите објавија повеќедневна прогноза – Какво време да очекуваме до крајот на оваа седмица?

ДЕСК

Меѓународна потерница по Саит Саитов, лицето кое прегази жена во Скопје, избега од местото на настанот и ја напушти државата

ДЕСК