17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ не се сигурни дека ќе успеат да состават ново мнозинство, ќе барале предвремени избори

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски денеска од Собранието порача дека пред Македонија е голема работа, а се надева дека ќе има и нови предвремени парламентарни избори.

„Состојбата во државата е сериозна. Не е време за славење. Македонија во наредниот период ќе ја зафати енергетска криза, како што се случува во многу земји. Економијата тоне во државата. Ќе се обидеме да направиме ново парламентарно мнозинство. Ако не успееме, најдобро е да има нови предвремени парламентарни избори“, рече Мицевски.

Инаку ВМРО ДПМНЕ на советничките листи освои нешто повеќе од 285 илјади гласови, што е мерило за рејтингот на партијата, и доколку се споредат сите изборни циклуси низ минатото, било локални или парламентарни, ова е најлошиот резултат и најминорна поддршка за оваа партија која сака да биде власт.

СДСМ пак освои 240.000 гласови на советничките листи, што е еден најлошите резултати, но не најлош како што тоа е случај како со ВМРО ДПМНЕ.

Спонзорирано: