Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Теута Арифи го призна поразот во Тетово, градоначалник ќе биде Касами

Кандидатката на ДУИ за градоначалничка на Тетово, Теута Арифи го призна поразот на локалните избори.

Таа на прес-конференција кажа дека не успеала да го добие мандатот, и оцени дека изборите поминале во фер и демократска атмосфера. Му посака успех во работата на нејзиниот противкандидат, Биљал Касами од БЕСА.

Касами има убедливо водство во Тетово, според досега пребројаните гласови на Државната изборна комисија.

Тој води со 57,99 проценти од пребројаните гласови, наспроти Арифи која има 36,69 отсто.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Уште само еден ден до неисполнување на ветувањата на Мицкоски за Реформската агенда

ДЕСК

ТРАГЕДИИТЕ НЕ ЗАПИРААТ: Деветнаесетгодишен мотоциклист почина по сообраќајна несреќа среде Скопје

ДЕСК

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен

ДЕСК