Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Приведени две лица за давање поткуп за гласови во Скопје

Денеска (30.10.2021) околу 14 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.З. (59) и А.С. (63) од Скопје кои во скопската населба Даме Груев давале пари во замена за глас на локалните избори односно вршеле кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“. На лицата на кои им давале пари за глас им земале копии од лични карти, а при приведувањето кај нив се најдени пари и други предмети. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Функционер од ЗНАМ вечерва се врати во редовите на СДСМ

ДЕСК

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК