Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Заев: Подмолен чин е државјанин на странска земја да биде кандидат за градоначалник на Скопје

Осврнувајќи се на понудата за вториот изборен круг в недела, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пред граѓаните на Карпош посочи дека евидентна е разликата помеѓу Душко Вескоски и Петре Шилегов, кои нудат напред наспроти, како што рече, Стевче Јакимовски и Данела Арсовска, кои сакаат назад во режимот.

„Навистина е најподмолен и најнаместен чин, државјанин на странска земја, за време на спорот со Бугарија да биде кандидат за градоначалник на Скопје. Ние сме за едно општество за сите и немаме предрасуди за ниту една етничка припадност, во таа смисла сме авангарда. Но, да лажеш, да манипулираш, со скриени намери и да продолжиш да лажеш, тоа е бесрамно. Тоа е понижување на нашиот народ. Затоа од овде ја повикувам Даниела, не Данела, да си даде оставка и да се повлече од кампањата затоа што ова е понижување и врз Скопје и врз целиот наш народ“, нагласи Заев.

Тој во Карпош упати порака до сите генерации, младите, средните и постарите.

„Не може младите да му веруваат на 61-годишниот Стевчо Јакимовски со сите колекции на партиски книшки кај него наместо на 36-годишниот Душко, кој има и светско и европско искуство. Овде имаме одличен избор, затоа вреди да се бориме, за тоа ги имаме сите аргументи на светот. Да излеземе масовно в недела и да даде поддршка за бројот 12“, повика лидерот на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК