Centar.mk
БИЗНИС

Систем за електрична енергија од сонцето ќе биде поставен на покривот на ГТЦ

АД ЕСМ и АД ГТЦ ќе градат систем за производство на електрична енергија од сонце на покривот на Градскиот трговски центар.

Фотоволтаиците ќе бидат поставени на покривниот простор, кој во моментот е неискористен и кој во иднина ќе се употребува за производство на зелена енергија во срцето на градот.

„Со изградба на фотоволтаиците на покривот на Градскиот трговски центар ќе се овозможи инвестирање во нови обновливи извори на енергија, со што се постигнува одржлив развој и се намалува негативното влијание врз животната средина преку искористување покрив на деловен објект“, велат од ЕСМ.

Меморандумот за соработка го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, и извршниот директор на АД ГТЦ, Ѓоко Трајчевски.

Зафатот е со цел реализација на Стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025 година и еден од врвните приоритети на енергетската политика на АД ЕСМ, а тоа е енергетска трансформација со проширување на производствени капацитети од обновливи извори на енергија, особено на сончевата енергија.

Можеби ќе ве интересира

Над 50% од ваучерите за инвертер клими веќе подигнати – ефикасна реализација на мерката за ранливите потрошувачи

ДЕСК

ДРАМАТИЧНО ПОКАЧУВАЊЕ НА НАФТАТА НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Повторно силен раст на барелот

ДЕСК

Божиновска на средба со претставници на ММФ-Потврдена заложбата за енергетска сигурност и одржлив развој на енергетиката

ДЕСК