Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Шилегов на МТВ: Ги добивме битките против загадувањето, знаеме како и војната

„Никогаш не сме кажале дека војната со загадувањето е добиена, но битките една по една ги добиваме. Со сетот мерки што градот ги презеде пополека го решаваме и го намалуваме загадувањето“ кажа кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ и коалицијата, Петре Шилегов на МТВ.

Тој додаде дека во изминативе четири години се субвенционирани набавки на инвертери со цел замена на греење на дрва, а градот финансираше и чистење на оџаците.

„Ќе продолжиме со милион евра годишно да субвенционираме инвтертери за граѓаните, со цел да го намалиме квантитетот на активни оџаци“ кажа Шилегов.

Тој исто така додаде дека конечно е легализирана топловодната мрежа во Скопје и кажа дека се планира поврзување на трите мрежи кои фунцкионират во моментов.

„Кај ‘Ист гејт’ сме дојдени на 400 метри до спојување на мрежата на БЕГ со ЕЛЕМ Енергетика. Другото спојување е на околу 1000 метри во Скопје Север. На оовј начин ќе можеме да ја дисперзираме енергијата по иста цена во сите делови на градот“ кажа Шилегов.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: По првиот круг системот прокрваре – во вториот круг може да го добие конечниот удар, ако ние тоа го преточиме во одлука

C +

Пајакот во тетовскиот регион крена 17 возила – напишани и многу казни

ДЕСК

Маж полово вознемирувал малолетна девојка, полицијата превзема мерки за расчистување на случајот

ДЕСК