Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шилегов: Дрисла е унапредена откако ја вративме после 9 години приватизација

„Девет години се боревме за Дрисла. Девет години Дрисла беше криминализирана, а ние ја вративме Дрисла во Град Скопје, ја вративме на граѓаните. Да ве потсетам само, порано не се знаеше што се депонира, кој депонира, дали има опасен отпад, што се гори, сето тоа беше контроверзно што важеа во јавноста до пред две години. Кога Градот ја стави својата рака, односно ја направивме јавно претпријатие, успеавме да го ликвидираме долгот што го наследивме, успеавме да изградиме нов инселератор за медицински отпад, добивме грант за преработка на шутот, така што нема да се создаваат депонии од шут, бидејќи граѓаните бесплатно ќе го носат таму, а потоа ќе се преработува во градежен материјал. Работите што беа како аномалии, сериозно се санирани, а конечно градот е стратешки добро поставен“, вели Шилегов во гостувањето во Дневникот на Сител ТВ.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК