Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Данела Арсовска поседува и бугарска лична карта, и ја криела исто како бугарското државјанство

Јавноста веќе дозна дека во 2011 година кандидатката на Никола Груевски Данела Арсовска се стекнала со бугарско државјанство, за што постои и документ „удостоверение“. А вчера јавноста сведочеше на уште еден документ – личната карта на Арсовска издадена од бугарските власти, стои во писмената реакција од страна на СДСМ.

„Случајно или не, бугарска лична карта е издадена на 5 мај 2017 година, или само една недела по крвавиот четврток, по крвавиот 27 април и насилниот упад во Собранието. Граѓаните имаат право да знаат каква намера и цел имала Арсовска кога ја добила бугарската лична карта само неколку денови откако пропадна обидот да се убијат пратеници и да се спречи демократска промена на власта. Арсовска може колку сака да се крие зад партиски соопштенија, да излегува на нервозни прес-конференции, но ништо не може да го сокрие фактот дека освен што е конзул на Унгарија, освен што е инсталација на Груевски, поседува и бугарско државјанство и бугарска лична карта“, велат од СДСМ.

Додаваaт дека ваков потценувачки однос, подметнувања и тајни не поминуваат кај скопјани.

„Во Скопје не поминува ниту странска инсталација која работи спротивно од интересите на граѓаните. Граѓаните на Скопје бираат градоначалник, а не кмет.
В недела, на 31 октомври, да се обединиме и да не дозволиме странски инсталации поврзани со режимот да добијат можност да го уништуваат Скопје“, е подвлечено во соопштението од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК