Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Камчев имал бугарски дипломатски пасош, па бугарите побарале да го посетат во затворот својот државјанин

Министерството за правда треба да одлучи дали ќе го уважи барањето на бугарската амбасада, бугарски дипломат да ја посети ќелијата на Орце Камчев, кој патем прикажал дека има бугарски дипломатски пасош.

Судијата на предметот “Плацеви на Водно”, Илија Трпков дал дозвола, бидејќи Камчев имал приложено фотокопија пред судот од дипломатскиот пасош на соседна Бугарија.

-Има вербална нота доставена од амбасадата на Бугарија со барање до Министерството за правда да дозволи советникот Герман Ванчев да го посети државјанинот на Република Бугарија, Јордан Камчев. Од моја страна е дадена дозвола да се изврши таа посета исто како што беше и за Јан Фигел иако во документите тогаш имаше само фотокопија од негов дипломатски пасош”, соопштил Трпков.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК