Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Кондовски: За четири години болницата, СВР Битола и други институции ќе бидат опфатени со гасификацијата

Мојот порив за влез во политиката е гасификацијата на Битола, истакна кандидатот за градоначалник од СДСМ, Христо Кондовски во дебатата на Телма телевизија. Тој кажа дека досега недостасувал менаџер кој има сила тоа да го сработи.

-За четири години оние 2,8 километри за кои има проект ќе се реализираат, за десет километри дополнително ќе се направи проект и ќе се завршат. Првите објекти ќе вклучени за четири години, кажа Кондовски.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

Тој додаде дека во однос на топлификацијата, за четири години ќе се приклучат болниците, СВР Битола и други институции.

-Гасификација и топлификацијата се приоритет во наредните четири години и ќе се заврши 12 километри долгата гасоводна мрежа. 35 објекти и мрежа од 12,8 километри, што се однесува до топлификацијата, ќе бидат приклучени и реализирани. Инвестициите се по милион евра, кои се обврска на Општина Битола, истакна Кондовски.

Можеби ќе ве интересира

НЕ ГИ ПОЧИТУВАЛ СУДСКИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА СОПРУГАТА – Приведен 56-годишник во Кичево

ДЕСК

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ОХРИД – Приведен 26-годишник со бела прашкаста материја

ДЕСК

ГИ НАПАДНАЛ МАЛОЛЕТНИТЕ ДЕЦА И ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО – Приведен 40-годишник во Кочани

ДЕСК