Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Кондовски за Битола: Имаме зелена агенда, на еден метар градба, еден метар зеленило

Ќе работам на ефикасноста на општината со забрзана динамика, односно општината да одговара на време на барањата на граѓаните и да биде нивен сервис, кажа кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ, Христо Кондовски во дебатата на Телма телевизија. Тој додаде дека ќе работи најмногу на инфраструктурата и даноците на битолчани ќе бидат инвестирани во капитал, кој ќе создава додадена вредност.

-Треба да се работи на креирање и на ГУП, како и ДУП-ови што го заложуваат севкупниот развој, а ќе работам и на зелената агенда. Не е прашање дали да се гради туку како да се гради, за еден метар бетон, ќе има еден метар зеленило, кажа Кондовски.

Тој уверува дека знае како да менаџира со градот и дека се што било под тепих и желба на битолчани знае како да го реализира.

-Како економист со сериозни намери имам планирано рокови, буџети и локации каде треба да се реализираат проектите, рече Кондовски.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата му упадна дома – претреси и апсење во Скопје

ДЕСК

Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата низ Македонија

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК