Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кондовски: До почист воздух со субвенции за фасади, инвертори, електрични такси возила

На процесот на гасификација и топлификација ќе работиме секојдневно, но ќе работам и на нови сообраќајни решенија како велопатеки, рече кандидатот за градоначалник од СДСМ, Христо Кондовски во дебатата на Телма телевизија. Тој најави пооптимален градски превоз со хибрид возила кои нема да загадуваат, субвенции за такси возилата да преминат на електричен погон.

-Битола ќе биде чиста уште првата недела, затоа што мора да се инвестира во ефикасноста на „Комуналец“. Туке е и зелената агенда, за секој метар квадратен бетон ќе има и метар квадратен зеленило, додаде Кондовски.

Тој најави и субвенции за енергетско-ефикасни фасади, како и за инвертер клими, а резултатите во борбата против загадувањето рече дека ќе се мерат со субвенционирани мерни станици.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +