23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

“Бугарка вербално линчувана во Скопје” – Вака бугарските медиуми коментираат откако СДСМ обвини дека Данела Арсовска имала државјанство

Бугарка вербално линчувана во Скопје гласи насловот на бугарскиот весник „Труд“, по објавата на СДСМ дека независната кандидатка за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, поседува бугарско државјанство. Денеска од СДСМ. и беше објавена и личната карта со адреса во Петрич, на улицата „Цар Борис III“, а бугарските медиуми и дел од организациите чиј фокус се односите со Македонија застанаа во нејзина одбрана.

Дали е лошо да си Бугарин во Македонија? Од тонот и сугестиите на официјалната прес-конференција на владејачката партија СДСМ на Зоран Заев во Северна Македонија, тоа е лоша работа, коментира “Труд“, посочувајќи дека пратеничката на СДСМ Славјанка Петрова „открива голема ’тајна’ – дека главната претендентка за градоначалничката фотелја во Скопје, Данела Арсовска, има бугарско државјанство.

Бугарските медиуми пренесоа и дека од СДСМ соопштиле дека таа десет години има „резервна татковина“ и дека тоа е Бугарија.

„Изјавата, која е говор на омраза, е обвинување против кандидатот за градоначалник на Скопје од партијата ДПМНЕ дека е бугарски државјанин и дека тоа значи дека е предавник и личност на која не може да му се верува“, соопштија од Фондацијата „Македонија“, штитејќи ја Арсовска.

Софискиот весник, исто така, го “прогласува“ Шилегов за антибугарин „и по тоа што не обезбедува заштита од вандалите на споменикот на Гоце Делчев во Скопје, зашто тој е подарок од Бугарија“.

Данела Арсовска демантираше дека имала бугарско државјанство.