17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Резултати од истражувањето: Кој е посреќен – ранобудниците или ноќните птици

Светот е поделен на две групи – луѓе на кои не им е тешко да стануваат во зори, но заспиваат порано навечер, и други кои тешко стануваат, но можат да работат до доцна навечер.

Без разлика дали се препознавате во првиот или вториот опис, веројатно ве интересира одговорот на прашањето во насловот. Резултатите од студијата објавени во списанието Сајкајатри покажуваат дека ноќните птици се повеќе склони да развијат анксиозност и депресија во споредба со ранобудниците.

Научниците од Велика Британија испитале вкупно 351 ген од кои зависи класификацијата во една од споменатите категории. Тие се дополнително поврзани со седум различни ментални нарушувања, од кои едно е депресијата.

Како што се продлабочува темата, доаѓаме до поимот “сошал џетлег”, што значи однос во сон помеѓу работните и неработните денови. Во истражувањето учествувале дури 85.000 испитаници, вработени во банката, кои носеле часовник со специјален монитор на раката, пишуваат на сајтот на Сити магазин.

Не е изненадувачки што луѓето кои му пркосат на биолошкиот часовник имаат изразен потенцијал за појава на овие состојби. Тука, исто така, вреди да се спомене дека утринските луѓе се на некој начин заштитени од депресија и имаат поголема веројатност да водат поздрав живот во целина. Таканаречените ноќни птици мораат да им го нарушат ритамот бидејќи имаат работни обврски кои не можат да ги чекаат.

Сепак, нема многу причина за грижа бидејќи има една светла точка во сегашните околности. Имено, коронавирусот придонесе за пресврт во бизнисот, па многу работници се префрлија на флексибилно работно време. Затоа, постои можност за усогласување на потребите на организмот и реалната состојба и подобрување на менталното здравје на голем број вработени..

Спонзорирано: