Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Илиевски за Куманово: Не да се владее како што зборува Димитревски, туку да се менаџира

„Димитриевски вели дека треба некој да владее со Куманово, што е автократија. Никој не смее да владее со граѓантие, туку треба градоначалник кој ќе менаџира со градот. Граѓаните бараат исполнување на ветена програма“ кажа кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ и коалицијата, Оливер Илиевски на дебатата на Дневникот на Сител.

„Максим Димитриевски долги години беше член на СДСМ, партијата му даде се, а кога дојде време да биде заменет и да се оди со друг кандидат на изборите во Куманово, тој си замина“ кажа Илиевски.

Тој додаде дека Димитриевски во изминатите четири години не исполнил ниту еден од клучните проекти ветени на минатите избори.

„Во нашата програма се опфатени сите нереализирани проекти од изминатите четири години, како и нови проекти за целиот град и за секоја микро средина. Направивме испитувања во сите населби и ги утврдивме проблемите“ кажа Илиевски.

Можеби ќе ве интересира

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК

Две лица пронајдени мртви во своите домови во Скопје – Јавен обвинител нареди обдукции

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: 27 годишна девојка заврши во Ургентен со тешки телесни повреди

ДЕСК