Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев на Сител: Седењето дома е поддршка за опонентот, ги мобилизираме сите гласачи со исти вредности

-Стандардните коалициони партнери се обединивме, бевме разводнети и тоа во демократија и слобода се случува, кажа претседателот на СДСМ, Зоран Заев во гостувањето на Сител телевизија.

-Тоа е убавината во една демократија и слобода. Ние имаме заеднички вредности во коалицијата и тоа обединува. Важно е да ги мобилизираме сите гласачи со кои споделуваме заднички вредности, рече Заев.

Тој додаде дека дека треба да се мобилизираат сите гласачи на СДСМ кои решиле да не излезат на гласање.

-Ние не изгубивме од ВМРО-ДПМНЕ, туку од тие што останаа дома. Еден дел адресираа сериозна казна поради ефикасноста во работењето и персонални решенија, заради одлуки на централната власт, но верувам дека го променивме пристап во нашата кампања и единствено можам да кажам дека седењето дома е поддршка за нашиот опонент, истакна Заев.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК