Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Со воздушна пушка пукал во свој другар – покренато обвинение

ОMЈавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 21-годишен гостиварец за кривично дело – Тешки дела против општата сигурност според член 292 став 3 во врска со член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 01.05.2020 година, обвинетиот со испукување дијабола од воздушна пушка предизвикал значителна опасност за животот и телото на еден оштетен. Обвинетиот, оштетениот и уште четворица другари биле во викенд куќа во селото Сретково, па во еден момент обвинетиот од гаражата извадил воздушна пушка и започнал да нишани кон својот пријател. Оштетениот реагирал со барање да не го прави тоа, но обвинетиот сепак нанишанил и испукал една дијабола кон оштетениот, погодувајќи го во слабината од десната страна и нанесувајќи му тешки телесни повреди.

Иако бил свесен дека со стореното може да настапи штетната последица, обвинетиот лекомислено сметал дека ќе може да ја спречи или дека таквата последица нема да настапи, со што го сторил наведеното кривично дело.​​

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Непостоечки хигиеничари, лажни дневници, каде завршуваат парите од тендерот во Пошта вреден 1,2 милиони евра ?

ДЕСК

Групна тепачка во угостителски објект во Скопје – МВР со детали за предновогодишниот инцидент

ДЕСК

Мицкоски: Вкупно околу 110 милиони денари се вложени во ГАК, од кои 35 милиони се за реновирање

C +