19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ Скопје: Данела Арсовска си ја наместила мајка си во државниот совет за статистика како предлог на ССК, за да зема по 10.000 денари од седница

На денешната прес-конференција, Градската организација на СДСМ обелодени докази дека претседателката на ССК Данела Арсовска и овозможила на нејзината мајка Марика Јовановска да стане член на Државниот совет за статистика како предлог на ССК, и да зема по 10.000 денари од седница.

Како докази беа приложени: номинацијата на Марика Јовановска, мајка на Данела Арсовска (со моминско презиме Јовановска), доставена до Илија Димовски, претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата во 2019; биографија на номинираната од ССК Марика Јовановска, мајката на Данела Арсовска, која во 2019 е претседател на ССК; и извадок од Службен Весник бр. 107 од 28 мај 2019, со одлука за именување на членови на Совет за статистика, каде што како член е именувана Марика Јовановска, раководител на сектор за набавки во Титан, на предлог на Сојуз на стопанските комори на Македонија.

Според Градска организација на СДСМ, мајката Марика Јовановска станува член на Совет за статистика, на предлог на Сојуз на стопанските комори на Македонија, кога нејзината ќерка Данела Арсовска е претседател на ССК.

СДСМ Скопје прашува, „Има ли појасен случај на непотизам од овој?“ и укажува дека „само личност која што не поседува чесност и личен интегритет, како претседател на ССК, може да овозможи нејзината мајка да биде номинирана и избрана за член на Совет за статистика, каде што хонорарот изнесува 10.000 денари по седница“.

Градската организација на СДСМ ја повика Државната комисија за спречување на корупција да го испита случајот на номинирање и избор на Марика Јовановска како член на Совет за статистика, на предлог на ССК, кога нејзината ќерка Данела Арсовска е претседател на ССК.

Спонзорирано: